• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Кристијан Бејл му го оствари сонот на момче болно од леукемија

10 септември 2012, 15:55
  • cподели

Кристијан Бејл е вистински херој. Познатиот актер издвои од своето време за да израдува 4-годишно момче болно од леукемија за кое докторите прогнозирале дека ќе живее само уште 5 месеци.

Малиот Џејден Барбер имал желба да го запознае вистинскиот Бетмен, односно Кристијан Бејл, па група луѓе од Охајо направиле настан на Facebook, наречен „Lighting the Bat Signal for Jayden“.

„Оваа група е за да се оствари желбата на неверојатно 4-годишно момче кое се бори со рак, вторпат во неговиот живот“ – со оваа порака била објаснета целта на групата.

Кристијан не чекал долго пред да го израдува Џејден. Тој организирал малото момче и неговото семејство да отпатуваат во Дизниленд, каде што се сретнал со нив.

Кристијан и ЏејденКристијан и Џејден Кристијан и Џејден и семејствотоКристијан и Џејден и семејството

„Целата средба беше како стари пријатели да ручаат заедно. Зборуваа за филмови и супер херои и тој беше искрено среќен да слушне што Џејден има да му каже. Кристијан, неговата сопруга и неговата ќерка се три од најпрекрасните личности што некогаш сме ги запознале! Кристијан лично организира сè и се потруди да бидеме третирани како кралско семејство“ – изјавила мајката на Џејден за „Today“.

Најдобрата вест е што сега Џејден е во ремисија.

Ова не е првпат Бејл да направи добро дело за своите фанови. Тој ги посети повредените во масакрот во Колорадо, кој се случи за време на прикажувањето на „Dark Knight Rises“.

Tags
Кристијан Бејл

Најнови

  • Златен глобус 2026

    Холивудски гламур: Модата на Златен глобус 2026

    Tue, 01/13/2026 - 19:28
  • Бруклин Бекам за првпат фотографиран со Никола Пелц откако побара од родителите да контактираат со него само преку адвокат

    Tue, 01/13/2026 - 11:19
  • Ретко му го покажува лицето... Северина на скијање во Австрија со синот Александар кој „повеќепати се обидоа да ѝ го одземат“

    Tue, 01/13/2026 - 10:03
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.