Кралица на ангелите: Адријана Лима восхити на 45 години на својата 21. ревија за Victoria’s Secret
Адријана Лима со огромна самодоверба дефилираше на својата 21. ревија за Victoria’s Secret.
Убавата Бразилка покажа зошто и на 45-годишна возраст важи за кралица на ангелите и за едно од најпрепознатливите лица на познатиот бренд за долна облека.
Лима се појави во впечатливо неонско зелено чипкано боди со длабоко деколте и проѕирни детали, а носеше и големи розови цветни крилја.
За завршницата на ревијата, таа беше облечена во бела комбинација со чипка и спектакуларни ангелски крилја украсени со светкави детали.
По ревијата, Адијана сподели и емотивна порака на Instagram, посветена на 15-годишната верзија од себеси.
„До мојата 15-годишна верзија: Еден ден ќе стоиш на места за кои тогаш едвај можевме и да сонуваме.
Посакувам да можам да се вратам во таа соба, да те прегрнам и да ти кажам дека токму храброста која веќе ја носиш во себе е она кое нè донесе дотука“ – напиша таа.
Лима ја започна својата приказна за брендот во 1998 година, а веќе следната година, на само 18 години, дебитираше на модната писта. Во периодот од 1999 до 2018 година учествуваше на речиси сите ревии, со исклучок на 2009 година, кога направи пауза поради бременост.
Иако во 2018 година низ солзи се збогуваше со брендот, таа се врати на модната писта во 2024 година.