• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Интимно

Кондиломите - голем проблем

27 септември 2009, 12:02
  • cподели

Кондиломите или гениталните брадавици представуваат мали израстоци, со мазна или релјефна површина. Оваа болест која се пренесува по полов пат е честа појава во денешно време.

Како изгледаат кондиломите?

Тоа се мали, меки, бледо розови брадавици, кои најчесто се појавуваат во групи. Во ретки случаи може да се поголеми, да се воспалат и да создадат непријатна миризба. Кондиломите кај жените се создаваат врз гениталните органи, околу анусот, внатрешно во горниот крај на вагината или околу грлото на матката. Кај мажите се јавуваат на скротумот, пенисот и на анусот.

Причина за појавата на кондиломи

Тажна жена
Виновник за појавата на кондиломи е вирусот ХПВ, кој е предизвикувач на најчестата сексуално пренослива инфекција во светот.

Виновник за појавата на кондиломи е вирусот ХПВ (Human Papillomavirus), кој е предизвикувач на најчестата сексуално пренослива инфекција во светот. Познати се над 120 различни типове на ХПВ вируси. ХПВ од типот 6 и 11 е одговорен за 90% од случаите за брадавици на гениталиите. Оваа инфекција може неодредено време да биде во скриена, латентна состојба, т.е. вирусот се наоѓа длабоко во кожата и слузницата, но не се појавуваат никакви симптоми.

Иако во повеќето случаи вирусот останува во кожата на инфицираното лице во неактивна состојба, сепак тој може да се пренесува на неговите сексуални партнери.

Времето од инфицирањето со вирусот до појавата на брадавици обично е од 1 до 5 месеци. Во некои случаи брадавици може да се појават дури и по неколку години од контактот со инфицирано лице, како резултат на ослабен имунолошки систем. Околу 80% од мажите и жените во одреден период од нивниот живот се инфицирани со ХПВ, но голем дел од нив никогаш не дознаваат за тоа.

Лекување

Лекувањето на кондиломите е различно при секој пациент. Изборот на средство за лекување зависи од бројот, големината и местоположбата на брадавиците. За нивното отстранување се пристапува кон медикаментозно или кон хируршко лекување.

Кондиломите може да се лекуваат медикаментозно со употреба на различни кремови и раствори, кои се нанесуваат на површината на кожата. Кога овој начин на лекување нема ефект или кондиломите се многу големи, се преминува кон хируршко лекување.

Лекувањето на кондиломите е тешко и треба да се има предвид дека е возможно повторно да се појават. Главна причина за тоа е вирусот ХПВ, кој не се отстранува од организмот. Според некои специјалисти целосно лекување на овој вирус е невозможно. Кога некој веќе го имал ќе биде негов носител до крајот на животот.

Спротивно на нив, има лекари кои веруваат дека целосното лекување може да биде реалност ако се води здрав начин на живот. Тоа значи да се примаат доволно витамини, здрава храна и да се практикуваат спортски активности. Целта е да се зајакне максимално имунолошкиот систем и на тој начин организмот сам да го отстрани вирусот.

Заштита

Се препорачува воздржување од сексуални контакти со лице кое има видливи брадавици сè до нивното отстранување. Успешното лекување и отстранувањето на видливите кондиломи ја намалува веројатноста за предавање на вирусот од еден човек на друг.

При полов контакт со лице кое што има кондиломи, задолжителна е употребата на кондом, иако тоа не носи 100% заштита. Кондиломите на заразениот партнер не треба да дојдат во контакт со незаразениот.

Кога носител на кондиломи е бремена жена, раѓањето треба да биде извршено со царски рез. Целта е веројатноста бебето да биде заразено да се сведе до нула.

!

За да не станете дел од тешката борба со кондиломите или со многу други сексуално преносливи болести, одржувајте висока лична хигиена, внимателно одбирајте ги вашите сексуални партнери и задолжително користете кондом.

Tags
кондиломи
генитални брадавици
хпв

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.