„Кога треба да се породи?“ Леонардо Дикаприо со 24-години помладата девојка на плажа, беше исмејуван за стомачето
Леонардо Дикаприо стана мета на критики по објавувањето на најновите фотографии од неговиот одмор на Хаваи со девојката Виторија Черети.
51-годишниот актер уживаше на плажа на островот Ланаи во пресрет на свадбата на Џенифер Мајер, поранешната сопруга на неговиот долгогодишен пријател Тоби Мегваер. Тој беше фотографиран без маица во друштво на 24 години помладата италијанска манекенка, а неговиот изглед предизвика лавина реакции на социјалните мрежи.
Фотографиите, на кои Дикаприо се релаксира во морето, брзо го привлекоа вниманието на јавноста. Многумина коментираа за неговото стомаче и годините кои почнале да му се забележуваат на изгледот.
„Дали е бремен?“, „Кога треба да се породи?“, „Како за маж, стомакот ти е ОГРОМЕН“, „Се надевам дека се здебели за улога“, „Изгледа како Џек Николсон во подем“, „Не можеш да го избегнеш стареењето“, „Време е да ги кренеш шорцевите, Лео“ – напишаа дел од интернет корисниците.
Други, пак, ја искористија фотографијата за повторно да ја критикуваат неговата навика да избира значително помлади партнерки.
Дикаприо и Виторија Черети се заедно од 2023 година.