• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Клиника Жан Митрев: Успешно оперирана ретка срцева аномалија кај предвремено родено бебе тешко 2 кг

11 декември 2025, 11:15
  • cподели

Во Клиника Жан Митрев беше изведена успешна корекција на комплексна вродена срцева аномалија кај предвремено родено женско новороденче во 36 гестациска недела.

Успешна операција на мало бебе во Клиника Жан митрев

Бебето, прво од близначка бременост, е родено во Приштина со родилна тежина од 2 килограми. Кај новороденчето беше дијагностицирана вродена комплексна кардиопатија, која ги вклучува тотално аномално пулмонално венско дренирање (TAPVR) и атријален септален дефект (ASD).

Оваа комбинација на срцеви маани е исклучително ретка, преваленцата на TAPVR се движи од 0,6 до 1,2 на 10 000 живородени новороденчиња, а меѓу сите вродени срцеви маани, само 0,7 до 1,5% припаѓаат на овој тип.

Свесни за итноста на состојбата, родителите ја донесоа малата Озе Абази во Клиника Жан Митрев, на возраст од две недели. По спроведени дополнителни дијагностички процедури и консултација со тимот за кардиохирургија, беше донесена одлука за навремена хируршка корекција на комплексната срцева аномалија.

Хируршката интервенција, изведена од тимот предводен од д-р Жан Митрев, се состоеше од комплетна деривација на пулмоналните вени во левата предкомора, со што се постигна физиолошки нормален проток на крвта.

По успешниот оперативен зафат, грижата за бебето ја презеде неонатолошкиот тим од Центарот за мајка и бебе, со фокус на внимателен хемодинамски менаџмент и стабилизирање на кардиоваскуларната функција.

Постоперативниот период претставуваше голем предизвик поради возраста на новороденчето. Благодарение на координираниот тимски пристап и континуираната интензивна грижа, бебето успешно закрепна.

Исходот без оперативен третман е неповолен и со висок процент на смртност, над 80% до крај на првата година од животот. Со современ хируршки и постоперативен менаџмент исходот се менува од состојба која често завршувала фатално до преживување приближно 85%.

По успешно изведената интервенција малата Озе е подготвена да замине дома, со целосно стабилна состојба и реални изгледи за нормален раст и развој.

Tags
Клиника Жан Митрев

Најнови

  • Викторија Лоба

    Викторија Лоба го испроба виралниот тренд со масло за елегантни велигденски јајца

    Thu, 04/09/2026 - 19:20
  • dm рутини за нега на лице

    dm и козметологот Лепосава Анѓеловски откриваат рутини за нега на комбинирана, масна и сува кожа со Balea и alverde производи

    Thu, 04/09/2026 - 14:05
  • 14-годишната ќерка на Мики и Светлана Црнокрак со две други Македонки меѓу најубавите тинејџерки на Мис на Галаксијата

    Thu, 04/09/2026 - 14:02
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.