Килограмите се само бројка: Девојка преку фотографии покажува зошто треба да заборавите на вагата
Instagram ѕвезда визуелно покажува зошто треба да заборавите на вагата. Преку фотографии за споредба, Ариел Манделсон укажува на фактот дека можете драстично да си го подобрите изгледот, а телесната тежина да ви остане непроменета.
Фотографиите се направени во период од две години, а и на двете таа има 57 килограми.
Девојката од Лос Анџелес била зависничка од дрога и алкохол, но се ослободила од пороците во 2016 година. Денес, Ариел е вистинска инспирација за многу девојки кои копнеат да изгледаат фит.