Ќерката на Здравко Чолиќ прослави роденден во Виена: Доби Cartier часовник од 7.000 евра, луксузен накит и рози
Уна Чолиќ сподели фотографии од роденденското патување во Виена, а меѓу спомените од австриската метропола покажа и луксузни подароци.
Постарата ќерка на Здравко Чолиќ, која на 1 октомври наполни 25 години, објави албум на Instagram со моменти од патувањето, роденденскиот десерт со свеќичка и подароците кои ги добила.
Меѓу нив се издвојува челичен часовник од колекцијата Santos de Cartier, чија официјална цена е 6.850 евра. На фотографиите се гледаат и ланче со црвен приврзок од Van Cleef & Arpels и букет црвени рози.
За време на престојот, Уна го посетила познатиот ресторан Plachutta, била на циркуска претстава и уживала во прошетките низ градот.
Уна не откри со кого ја посетила Виена, ниту од кого ги добила подароците, но се претпоставува дека со неа бил нејзиниот 10 години постар дечко, српски бизнисмен со кого таа е веќе неколку години во врска.