Ќе ве насмее: Јаков Јозиновиќ се сокри во автомобил и изненади среќни фанови кои воскликнуваа од радост
Јаков Јозиновиќ продолжува да освојува фанови, да полни концертни сали низ целиот регион и да руши рекорди.
20-годишниот хрватски феномен одлучи да изненади свои среќни фанови во соработка со YouTube ѕвездата Милош Костиќ, познат по неговиот канал Kimi’s Life. Јаков успешно се сокри од своите обожавателки на задните седишта од автомобилот и запеа со нив во позитивното видео кое ќе ви измами насмевки.
Девојките врескаа од среќа кога тој им кажа дека им подарува по две карти за неговиот концерт во Белград во октомври. Дел од нив дури пуштија по некоја солза-радосница.
Погледнете и подгответе се да се насмеете:
Инаку, Јаков успеа да ја распродаде Белградската арена за само неколку часа, а за купување карта чекале над 40 илјади луѓе.