Каков „glow up“! Србинка излезе од несреќна врска, ги пронајде вистинските луѓе и заблеска
Понекогаш најголемата трансформација не се гледа само во огледалото. Таа се гледа во начинот на кој повторно се смеете, во луѓето кои ги имате покрај себе и во храброста да си заминете од она што ве прави несреќни.
Тоа е пораката на Јована Стефановиќ, која објави свои фотографии на 26 и на 30-годишна возраст, покажувајќи ја разликата која кај неа ја направиле животните искуства и изборот да се опкружи со вистинските луѓе.
На првата фотографија сум јас на 26 години, во врска со погрешна личност, целосно скршена и со здравствен проблем… На втората фотографија сум јас на 30 години и со вистинските луѓе околу себе.
Не останувајте во односи во кои не сте среќни. Бидете нежни кон себе – напиша таа.
Српската мејкап артистка и во други свои објави има пишувано за патот кој го помина и за потребата човек да научи да става себеси на прво место. Во една од нив, таа ѝ се обрати на својата помлада верзија, потсетувајќи ја на сите битки кои ги преживеала.
Еден ден ќе ти кажам, мала моја – гледаш, сè издржа. Секоја борба ја претвори во сила, секој пад во чекор напред. Никогаш не се откажа, дури ни тогаш кога беше најтешко. Срцето ти беше компас и со него го гледаше она кое очите не можеа.
Никогаш не се изгуби себеси, дури ни тогаш кога многумина се обидуваа да ти го одземат мирот, вербата и насмевката. Тоа мало девојче во мене секогаш ќе постои – чисто, храбро и искрено, и никој никогаш нема да може да ми го одземе тоа.
Ќе бидеш горда на себе, затоа што сè преживеа, а сепак остана своја ❤️- напиша таа.
Во друга објава, Јована е категорична дека за да се направи лична промена мора да се стави крај на одредени односи.
Кога ќе одлучиш да станеш најдобрата верзија од себе, знај дека те очекуваат многу кажани „збогум“.
За жал, единствениот начин на кој некои луѓе ќе научат да те ценат е така што ќе те изгубат. Понекогаш мораш да се оддалечиш, да прекинеш одредени односи и да научиш да уживаш во сопственото друштво.
Промената е непријатна, но неопходна. Болката која ја чувствуваш денес е силата која ќе ја имаш утре. 🌸🌸🌸
Грижа за себе 🩷🌸- пишува таа.
Со своите објави Јована потсетува дека личната трансформација не се случува преку ноќ и дека треба да избереме да се ставиме себеси на прво место за да станеме посилни, посреќни и помирни.