• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

„Ја облеков за да се потсетам кој сум“: Александар Динев во стара галичка носија со силна порака за Македонија на Денот на независноста

9 септември 2026, 09:00
  • cподели

Александар Динев го одбележа 8 Септември на посебен и емотивен начин, испраќајќи силна порака за љубовта кон Македонија, традицијата и корените кои нè поврзуваат со генерациите пред нас.

Облечен во стара галичка носија, младиот тиктокер помина ден исполнет со македонски симболи и обичаи, од традиционалното тавче-гравче и кафето сварено на песок со локум, до играњето оро и посетата на манастирот „Св. Пантелејмон“ во Горно Нерези.

Динев вели дека за него носијата била начин да се потсети кој е и од каде доаѓа. Тој по повод 35 години од независноста на Македонија упати порака дека традицијата не треба да остане само дел од минатото, туку да продолжи да живее и преку новите генерации.

Оваа носија не ја облеков само за фотографија. Ја облеков за да се потсетам кој сум. 🇲🇰

На 8 септември 1991 година, повеќе од 95% од граѓаните што излегоа на референдумот гласаа за самостојна Македонија. Денес, 35 години подоцна, независноста не е само датум во учебник. Таа е аманет да ја чуваме земјата што ни ја оставиле генерациите пред нас и да изградиме држава со која ќе се гордеат тие по нас.

Затоа овој 8 Септември сакав да го одбележам поинаку….во стара галичка носија, во Македонско Село на Водно. Јадев тавче-гравче, пиев кафе сварено на песок со локум, заиграв оро и барем за миг почувствував како минатото повторно оживува. Секој вез, секој чекор и секој вкус е дел од нашата приказна.

Го посетивме и манастирот „Св. Пантелејмон“ во Горно Нерези, чија црква е изградена во 1164 година.

Не мора да живееме во минатото за да го чуваме. Можеме да носиме патики и да играме оро. Да го следиме светот, а да знаеме од каде доаѓаме. Традицијата нема да заврши со нас.

Македонија поминала низ многу, но останала исправена благодарение на луѓето кои го чувале јазикот, песната, занаетите и љубовта кон татковината. А денес, редот е на нас. Да ја сакаме не само со зборови и само на празник, туку секој ден со знаење, работа, почит, единство и храброст.

Посебна благодарност до @esnaf_mk - местото во Македонско Село каде традицијата не стои зад стакло, туку живее преку македонските занаети, рачните изработки, работилниците и носиите. Ви благодарам за огромната чест и доверба да ја облечам оваа стара галичка носија, која досега не сте му ја довериле на никој друг. За мене таа не беше реквизит, туку дел од нашата историја.

Среќен Ден на независноста, Македонијо!

Те цениме. Те чуваме. И ќе се бориме за твојата иднина.

ЗА МАКЕДОНИЈА! 🇲🇰

Tags
Александар Динев

Најнови

  • Трагедија: Почина 22-годишната Мис Австрија, од раѓање се борела со тешка срцева маана и поминала низ 7 операции

    Wed, 09/09/2026 - 09:08
  • „Ја облеков за да се потсетам кој сум“: Александар Динев во стара галичка носија со силна порака за Македонија на Денот на независноста

    Wed, 09/09/2026 - 09:00
  • Пенелопе Круз во солзи по 16-минутните овации во Венеција, со Хавиер Бардем блеснаa на црвениот тепих

    Wed, 09/09/2026 - 08:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.