• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Имаше 34 години, беше во врска со Џастин Бибер: Почина моделот Сахара Реј само месеци по раѓањето на првото дете

20 октомври 2026, 08:55
  • cподели

Сахара Реј почина на само 34 години. Тажната вест ја потврди нејзиното семејство, откривајќи дека последните моменти од животот ги поминала во болница, опкружена со најблиските.

„Почина синоќа во болница, опкружена со семејството. Беше многу сакана“ – изјавиле нејзини роднини.

Причината за смртта засега не е потврдена.

Сахара стекна популарност благодарение на кариерата како модел и активноста на социјалните мрежи, каде привлече огромен број следбеници. Успехот во модната индустрија го надополни со нејзиниот бренд за костими за капење Sahara Ray Swim.

Во 2016 година, нејзиното име ги преплави светските медиуми откако беше фотографирана на одмор на Хаваи со Џастин Бибер, со кого се шпекулираше дека е во романтична врска. Претходно, беше романтично поврзувана и со австралискиот пејач Коди Симпсон.

Реј го доби првото дете пред само неколку месеци. На социјалните мрежи споделуваше моменти со ќеркичката, но никогаш не го откри идентитетот на таткото.

Манекенката беше ќерка на легендарниот австралиски сурфер Тони Реј, а детството го помина патувајќи меѓу Австралија, Калифорнија и Хаваи.

Во 2024 година, Сахара јавно проговори за здравствените проблеми со кои се соочуваше, откривајќи дека се борела со Гијен-Бареов синдром, ретко невролошко заболување кое може да предизвика мускулна слабост и парализа.

Според нејзиното сведоштво, болеста се појавила по тешка сообраќајна несреќа. Засега нема потврда дека здравствените проблеми од минатото се поврзани со нејзината смрт.

Tags
Сахара Реј

Најнови

  • Имаше 34 години, беше во врска со Џастин Бибер: Почина моделот Сахара Реј само месеци по раѓањето на првото дете

    Tue, 10/20/2026 - 08:55
  • Цветен гламур: Софија Вергара ги истакна облините во впечатлива креација од Ели Сааб

    Mon, 10/19/2026 - 22:50
  • Најпознатиот модел со облини Ешли Грем гордо го покажа телото по раѓањето на трите деца на ревијата на VS

    Mon, 10/19/2026 - 21:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.