• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

„Ѝ укажав дека сум лице во инвалидска количка, наместо трпение добив навредливи зборови“: Дарко со порака по немила случка во Скопје

16 октомври 2026, 13:25
  • cподели

Дарко Стојановски сподели немила случка од секојдневието како лице со попреченост.

Стојановски, кој мора да користи инвалидска количка поради ретката генетска состојба остеогенезис имперфекта, раскажа како му започнал денот во скопската населба Аеродром, каде што живее. Додека ја склопувал количката за да ја стави во автомобилот, жена од друга кола започнала да му свири да ја затвори неговата врата за таа да може да помине.

И покрај тоа што ѝ покажал дека му треба малку време, наместо трпение и разбирање добил само навредливи зборови. 

„Каде ни се изгубија емпатијата, трпението и основната човечност? Некогаш навистина не е потребно многу за да покажеш дека си човек. Понекогаш се доволни само неколку минути трпение“ – напиша разочарано Дарко кој има дипломирано на Филозофскиот факултет во Скопје.

Неговата објава во целост: 

📢Сабајлево ми почна со горко будење во реалноста, за жал...📢

‼️Тргнувам наутро кон колата, паркирана пред зградата во населба Општина Аеродром. Ја отворам вратата и почнувам да ја расклопувам количката ♿️ за да ја ставам во автомобилот🚗. Сè беше во ред сè додека една госпоѓа не почна да свири, барајќи да ја затворам вратата за да може да излезе со својата кола од паркингот.

💬 Ѝ укажав дека сум лице во количка ♿️ и дека ми требаат само 2–3 минути за да ја сместам количката во автомобилот. 📣Не можам да го направам тоа во една секунда.

Наместо малку трпение и разбирање, следуваа навредливи зборови. А кога госпоѓата виде дека сум во количка♿️, наместо извинување, нејзиното прашање беше:☢️ „А ти кај живееш?“☢️

👉Ѝ одговорив дека живеам во зградата.

Во тој момент излезе еден човек од зградата да ми помогне, а госпоѓата едноставно продолжи, без да каже ништо.

⁉️И сега се прашувам: до каде стигнавме како луѓе?⁉️

❓Зарем е толку тешко да почекаш неколку минути? Зарем брзањето е поважно од почитта кон другиот? И најважно, зарем треба некој да биде во количка♿️ за да заслужи малку разбирање и човечност?

‼️Попреченоста не е услов за да заслужиш почит. Почитта и емпатијата треба да ги имаме кон секој човек.‼️

⁉️Каде ни се изгубија емпатијата, трпението и основната човечност?

👉Некогаш навистина не е потребно многу за да покажеш дека си човек. Понекогаш се доволни само неколку минути трпение.👈

Tags
Дарко Стојановски
инвалидска количка

Најнови

  • „Ѝ укажав дека сум лице во инвалидска количка, наместо трпение добив навредливи зборови“: Дарко со порака по немила случка во Скопје

    Fri, 10/16/2026 - 13:25
  • ЕДС меѓу ТОП 100 компании во земјата според приходите и ТОП 20 во својата дејност

    Fri, 10/16/2026 - 13:21
  • „Тебе времето те претвори во вечност“: Весна Петрушевска емотивна на 19-годишнината од смртта на Тоше

    Fri, 10/16/2026 - 12:38
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.