• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

„Хурем Султан“ и „Сулејман“ заедно по речиси 15 години: Мерјем Узерли и Халит Ергенч на црвениот тепих во Египет

21 октомври 2026, 12:49
  • cподели

Љубителите на турската серија „Величествениот“ синоќа почувствуваа вистинска носталгија.

Речиси 15 години од почетокот на нивната незаборавна телевизиска приказна, Мерјем Узерли и Халит Ергенч повторно се појавија заедно на црвениот тепих на Филмскиот фестивал во Ел Гуна, Египет.

Популарните „Хурем Султан“ и „Сулејман Величествениот“ се обединија за светската премиера на нивниот нов филм „Пролет во Имроз“ („İmroz’da Bahar“).

Мерјем блесна во впечатлива креација на дизајнерското дуо Khaled & Marwan. Црниот проѕирен фустан од чипка, украсен со впечатливи сини цветни апликации, ги спои елеганцијата и романтичниот гламур. Креацијата била изработувана рачно дури 25 дена, а актерката го надополни изгледот со впечатлив накит од Glamour Signature.

Халит се одлучи за елегантна комбинација од модната куќа Dolce & Gabbana.

На црвениот тепих двајцата позираа со режисерот Озџан Алпер и продуцентот Емре Оскај, пред да се упатат на првата проекција на филмот, одржана пред околу 1.000 гледачи.

Tags
Мерјем Узерли
Халит Ергенч

Најнови

  • „Хурем Султан“ и „Сулејман“ заедно по речиси 15 години: Мерјем Узерли и Халит Ергенч на црвениот тепих во Египет

    Wed, 10/21/2026 - 12:49
  • „Некои деца имаат спомени од детството. Моето дете има лузни од операции“: Македонка емотивна за животот на 10-годишниот Дариан роден со половина срце

    Wed, 10/21/2026 - 12:19
  • Татјана Стојановска

    „Последен ден“: Татјана Стојановска си заминува од Канал 5, се збогуваше со колегите со кои работеше 15 години

    Wed, 10/21/2026 - 11:25
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.