Хуманоста на дело: Браќата од Next Time се вратија во градинката во која пораснаа, донираа играчки и украсија училници
Мартин и Стефан Филиповски инспирираат со хуман гест за пофалба.
Браќата од Next Time се вратија во градинката „Бубамара“ во Ново Лисиче, во која ги поминаа најраните детски денови, со желба да им подарат радост на новите генерации дечиња.
Со помош на свои соработници, тие внесоа свежина во неколку училници кои ги разубавија со прекрасни цртежи, а на малечките им донираа и нови играчки. Малата промена, направена со многу љубов, донесе топла атмосфера во просторот во кој децата секојдневно учат, играат и растат.
„Се надеваме дека ова утро измамивме повеќе насмевки од вообичаено“ - напишаа браќата, додавајќи дека понекогаш среќата навистина се крие во малите нешта.