Што е подзнак?
Во денешно време тешко ќе најдете некој кој не го знае својот хороскопски знак, но многу се ретки оние кои го знаат својот подзнак.
Хороскопскиот подзнак е оној зодијачки знак, кој се наоѓал на источниот хоризонт во моментот на вашето раѓање.
Астролошкиот портрет на една личност не e целосен ако не се земе предвид влијанието на подзнакот. Познавањето на подзнакот може да ви помогне подобро да се разберете самите, како и луѓето околу вас.
Како се пресметува подзнак?
Сигурно се прашувате, ако подзнакот е толку важен, тогаш зошто само малку од нас знаат за него. Проблемот е во тоа што определувањето на подзнак е многу покомплексно отколку определувањето на хороскопскиот знак. За определување на подзнакот треба да користите специјални таблици, големи колку една мала книга. Притоа, потребни ви се годината, датумот и часот на раѓање. Треба да ја земете во обзир и временската зона во која сте се родиле, како и географската ширина и должина на местото на раѓање.
За среќа, нашиот калкулатор ќе го направи сето ова наместо вас, па со едноставен клик на копчето „Пресметај“, вие ќе дознаете кој е вашиот подзнак. Ќе го пресметаме и точниот степен во кој сте биле родени, а ќе ги добиете и карактеристиките на секој подзнак.
Зошто нашиот калкулатор на подзнак е најдобар?
- Користиме напредни алгоритми за астролошки пресметки, земајќи ја предвид точната локација на вашето раѓање, временската зона, па дури и летно/зимско сметање на времето. Сите овие елементи се екстремно важни за изработка на детална натална карта, која вклучува и подзнак.
- Имплементиравме специјални оптимизации за точно пресметување за лица родени во Македонија.
- Пресметуваме не само подзнак, туку и вашиот хороскопски знак, месечина и комплетна натална карта, бесплатно!
Степени?
На секој подзнак му припаѓаат по 30°. Зошто 30? Кругот има 360°, па кога ќе поделиме со 12 хороскопски знаци, добиваме колку степени „припаѓаат“ на секој од знаците. Степените служат за определување на силата на влијание на вашиот подзнак.
Ако сте родени блиску до почетокот на знакот, тогаш влијанието на подзнакот е најсилно. Во овој случај, најголемиот дел од првата куќа се поклопува со вашиот знак.
Колку повеќе се доближувате до крајот на знакот, толку помало станува влијанието на вашиот подзнак. Првата куќа веќе е на прагот на следниот знак.