„Го изгубив целото мое семејство, имам болест...“: Кејт Бекинсејл возврати на коментарите дека е преслаба и го избриша Instagram профилот
Кејт Бекинсејл жестоко им возврати на оние кои постојано го коментираат нејзиниот изглед и велат дека е преслаба, анорексична или дека користи недозволени супстанци.
Пред да го избрише својот Instagram профил, 53-годишната актерка објасни дека зад нејзиното слабеење стојат сериозни лични и здравствени причини, откривајќи дека во краток период го изгубила речиси целото свое семејство, а со години се соочува и со автоимуно заболување.
„Како што сум сигурна дека сте свесни, секогаш кога ќе објавам фотографија од себе, добивам огромен број коментари во кои ми велат колку одвратно изгледам и дека сум анорексична, дека сум на мет или дека сум изгубила премногу килограми. Како прво, го изгубив целото мое семејство, освен мојата бесценета ќерка, за краток временски период“ – рече актерката.
@katee.beckinsale I terribly still can’t get over the death of my incredible mum, lately I don’t feel like me, I force me to love and laugh but still suffering inside 💔 #katebeckinsale #fyp #viral ♬ original sound - Kate Beckinsale
Мајка ѝ Џуди Ло почина од рак во 2025 година, додека очувот Рој Батерсби го напушти овој свет во јануари 2024 година. Претходно, Бекинсејл сподели дека го изгуби татко си како последица на срцев удар кога имала само 5 години.
Покрај тешките семејни загуби, Кејт се соочува и со синдром на активација на мастоцитите (MCAS), состојба која, како што објасни, значително влијае врз нејзиното здравје, особено врз дигестивниот систем.
„Втората работа е тоа што имам автоимуна состојба наречена синдром на активација на мастоцитите, дијагностицирана пред 16 години. Навистина имав среќа што имав неверојатен матичен лекар во Лондон, кој го препозна тоа и ме испрати кај експерт за ова заболување“ – објасни таа.
Бекинсејл откри и дека нејзиниот стомак е особено погоден од болеста, а во емотивното обраќање ги замоли луѓето да престанат да коментираат за туѓото тело, бидејќи никогаш не знаат низ што поминува личноста од другата страна на екранот.
„Однесувајте се кон луѓето токму онака како што би сакале и самите да бидете третирани. Покажете им на луѓето малку разбирање. Ако немате нешто убаво да кажете, можеби не треба да кажувате ништо“ – порача актерката.
Непосредно по загубата на мајка ѝ во 2025 година, Кејт изјави дека чувствувала „вина на преживеан“.
„На 5-годишна возраст гледав како мојот 31-годишен татко умира од масивен срцев удар. Потоа гледав како умира мојот очув. Потоа гледав како состојбата на мајка ми се влошува и умира во толку големо страдање. И ќе кажам, тоа не прави да чувствувате глад.“
„Не знам дали постои некаква вина на преживеан... Не е како анорексија, каде што гладувате, тоа е некаков вид на волја. Тоа е како вашето тело да се затворило. Мислам дека е шок и траума. Мислам дека гледањето како луѓето кои најмногу ги сакате страдаат и имаат ужасна смрт... навистина прави да не чувствувате глад“ - изјави тогаш филмската ѕвезда.