• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

ФОТО: Волшебниот бел бал од бајките на Наталија Водијанова

8 јули 2011, 14:12
  • cподели

Додека аплаузите од ревиите на високата мода стивнуваа, малку подалеку од Париз започна волшебен бал организиран од прекрасната Наталија Водијанова.

Повеќе од 450 славни лица од модниот свет беа поканети да присуствуваат на „The White Fairy Tale Love Ball“, кој се одржа во замокот Chateau de Wideville од 17-ти век на дизајнерот Валентино Гаравани.

Наталија ВодијановаНаталија Водијанова (прв фустан)

Дрес-кодот поставен од домаќинката беше бела и сребрена облека. Додека повеќето дами пристигнуваа облечени во сребрени и бели тоалети како од бајките, Наталија се истакна во толпата со црвена тоалета на Валентино, најверојатно инспирирана од Црвенкапа.

Наталија Водијанова и ВалентиноНаталија Водијанова и Валентино Наталија Водијанова и Валентино

„Јас секогаш носам црвено на настаните кои ги организирам“ – објаснила Наталија, која во текот на вечерта се преслече и во друга, исто така црвена тоалета.

Балот беше со хуманитарна цел. Богатите гости донираа пари за Naked Heart Foundation, фондацијата основана од Водијанова. На настанот беа собрани вкупно 2,3 милиони евра кои ќе послужат за градење на паркови за играње за децата од сиромашните и непривилегираните семејства во Русија.

Ана Дело РусоАна Дело Русо Ен ХетавејЕн Хетавеј

Оваа фондација е особено важна за Наталија, затоа што самата таа израснала во сиромашно семејство во Русија. Познатата манекенка објавила и дека нејзината фондација ќе има и нова мисија - градење на центри за деца со посебни потреби, како нејзината сестра која има пречки во развојот.

Оливија Палермо и Маргарита МисониОливија Палермо и Маргарита Мисони Ева Херецигова и Дафне Гинис го прекршија дрес-кодотЕва Херецигова и Дафне Гинис го прекршија дрес-кодот

Во текот на вечерта беше одржана ревија со 45 специјално изработени фустани од познати дизајнери. Меѓу гостите беа Кристијан Лобутин, Ен Хетавеј, Оливија Палермо, Ана Дело Русо, Томи Хилфигер, Рикардо Тиски, Ева Херцигова и Дафен Гинис. Погледнете каква беше атмосферата на волшебниот настан:

Еве дел од фустаните кои беа ставени на аукција:

Фустани за Naked Heart Foundation
Фустани за Naked Heart Foundation Фустани за Naked Heart Foundation
Фустани за Naked Heart Foundation Фустани за Naked Heart Foundation
Фустани за Naked Heart Foundation
Tags
Наталија Водијанова

Најнови

  • Данче Серафимова со семејството

    „По загубата на синот, се јави идејата за домашниот Природен Детергент“: Данче од Струмица за мајчинството и создавањето помалку токсичен дом

    Mon, 01/12/2026 - 20:15
  • Закон за заштита од пушење

    Стоп за пушење во кола со дете, на автобуски станици... Еве каде сè ќе биде забрането пушење со новиот закон со строги казни

    Mon, 01/12/2026 - 15:20
  • Ретко заедничко појавување на црвениот тепих: Мила Кунис и Ештон Кучер на Златен глобус по бројните критики

    Mon, 01/12/2026 - 13:39
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.