• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

ФОТО: Нови фотографии од претепаната Ријана

25 февруари 2011, 18:22
  • cподели

На интернет се појавија нови фотографии од Ријана, сликани откако Крис Браун физички ја нападна.

Фотографиите се направени во болницата веднаш по бруталниот напад и на нив се гледа крвавото лице на Ријана со модрици на челото, очите и образите. Нејзиното десно око е отечено, а устата расцепена на повеќе места.

РијанаРијана во болница веднаш по нападот

Само пред неколку дена судот ја ублажи забраната за приближување на Крис Браун до 23-годишната пејачка. Крис преку неговиот адвокат се пожалил дека забраната за приближување влијае негативно на неговата кариера и побарал да биде тргната. Ријана не се појавила на сослушувањето, но нејзиниот адвокат кажал дека таа не се противи на барањето.

РијанаУстата на Ријана

Крис Браун е бесен што фотографиите се објавени токму сега. „Иронично е како некој го објави ова токму во времето на објавување на мојот албум! Wow! Претпоставувам дека тоа е стратешки шаховски потег. Неверојатно“ – напишал тој на Twitter, а подоцна дополнил: „Ѓаволот е секогаш зафатен!! Но, кога имаш судбина, ништо или никој не може да го сопре она што Бог го испланирал!“. Подоцна постовите биле отстранети.

РијанаФотографијата која во 2009г. го шокираше светот

Поради неговото насилно однесување и физички напад, Крис Браун во 2009г. заработи пет години условна затворска казна, шест месеци општествено корисна работа и парична казна од 2000 долари, а беше принуден и да посетува курс против семејно насилство.

Tags
Ријана
Крис Браун

Најнови

  • Инстант лоз Калинка

    „Калинка“ – симбол на среќа и добивки до 700.000 денари

    Mon, 04/20/2026 - 12:27
  • Дуа Липа и Калум Тарнер

    Романтична авантура пред свадбата: Дуа Липа со свршеникот Калум Тарнер ужива на сафари

    Mon, 04/20/2026 - 12:25
  • Еминем доби уште едно внуче, неговата посвоена ќерка Аланиа Скот се породи и му даде специјално име на бебенцето

    Mon, 04/20/2026 - 10:41
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.