Најблескавата ноќ во Холивуд завршува со гламурозни забави. Традиционално најпосетувана е забавата на Vanity Fair.
Откако стивнаа аплаузите на доделувањето на Оскарите, славните лица започнаа долга прослава на забавата каде модата станува посмела и посексапилна во споредба со оскаровскиот црвен тепих.
На славните актери и филмски уметници им се придружија многу други ѕвезди од светот на музиката и модата. Длабоки деколтеа, високи шлицови, храбри отсечоци и проѕирни ткаенини го акцентираа сексапилот на дамите.
Погледнете како изгледаа гостинките и оценете го нивниот стил.





















































