Во Холивуд започна сезоната на доделување на награди на најдобрите во годината што измина. Манифестацијата „Златен глобус“ привлече армија ѕвезди во Беверли Хилс и најави кои филмски дела и уметници ќе триумфираат со најмногу статуетки во 2016 година.
Класична елеганција владееше на црвениот тепих. Најмногу од дизајнерските креации беа во црна и бела боја и во нијанси на смарагд, рубин и сафир.
Версаче ги облече Ејми Адамс, Џејда Пинкет-Смит, Лејди Гага и Роузи Хантингтон-Вајтли, потписот на Диор очекувано се најде на црвениот фустан на Џенифер Лоренс, Зухаир Мурад ѝ позајми креација на Џена Деван-Тејтум, Мајкл Корс стои зад нежната креација на Кејт Хадсон која носеше накит во вредност од 1,3 милиони долари, додека Џамбатиста Вали го дизајнираше впечатливиот фустан со наметка на Џенифер Лопез.
Амбер Херд изгледаше елегантно во креација на Гучи, додека Кејт Винслет која доби „Златен глобус“ ги истакна своите облини во темно син фустан од Ралф Лорен.
Погледнете како изгледаа гостите и оценете го нивниот стилски избор.
Леонардо Дикаприо
Орландо Блум
Мет Дејмон и Лусијана Баросо
Ченинг Тејтум и Џена Деван-Тејтум
Еди Редмејн
Кристијан Бејл и Сиби Бејл


































































