Свечена церемонија во Њујорк ги насочи рефлекторите кон театарската уметност. Синоќа беа доделени престижните награди „Тони“.
Мјузиклот „Fun Home“ и претставата „The Curious Incident of the Dog in the Night-Time“ триумфираа, привлекувајќи ги главните награди на вечерта за Најдобар мјузикл и Најдобра театарска претстава.
Хелен Мирен беше прогласена за Најдобра актерка во претстава за „The Audience“, Кели О’Хара победи во категоријата Најдобра актерка во мјузикл за „The King And I“, Алекс Шарп ја прими наградата за Најдобар актер во претстава, а Мајкл Серверис се закити со наградата Најдобар актер во мјузикл.
Погледнете како изгледаа дамите и оценете го нивниот стил.

































