Класична елеганција и умерен гламур владееше на оскаровскиот црвен тепих. Славните дами го прескокнаа стилското експериментирање за да ги избегнат лошите модни критики. Сепак, некои не беа толку успешни во тоа.
На листата на најдобро облечени заслужено се најдоа Шарлиз Терон, Џенифер Гарнер и Кејт Бланшет, додека Хајди Клум е на врвот на листата на најлошо облечени гостинки.
Алисија Викандер, која се закити со Оскар за Најдобра актерка во споредна улога, привлече големо внимание со сличноста со дизниевиот лик Бела од „Убавицата и ѕверот“.
Најбројни беа креациите со потпис на Маркеза и Версаче, но мошне впечатливи беа и креациите од ателјето на Диор.
Погледнете како изгледаа дамите на најголемата модна парада во Холивуд и оценете го нивниот стил.







































