Елеганција, сексапил и гламур владееја на црвениот тепих на синоќешната манифестација по повод традиционалното доделување на Американските музички награди. Бројни ѕвезди од шоу-бизнисот присуствуваа на свеченоста во Лос Анџелес и се потрудија да се покажат во најдобро светлo.
Нина Добрев и Хејли Стајнфелд зачекорија на црвениот тепих во креации од Зухаир Мурад, Наим Кан им позајми свои фустани на Хана Дејвис и Џулиен Хаф, Сиара носеше провидна црна креација од Рим Акра, а Џулијана Рансик се појави во фустан од Габриела Кадена.
Погледнете како изгледаа славните дами и оценете го нивниот стил.



































