Сексапил изразен преку високи шлицови и разголување на стомакот и елеганција во форма на долги вечерни фустани донесоа ѕвездите на црвениот тепих на AMA.
Џенифер Лопез го истакна своето тонирано тело во розов фустан од Рим Акра, Ферги и Селена Гомез заведуваа во црни фустани со златни детали, Џиџи Хадид и Џеси Џеј избраа светли женски костуми, додека Кејт Бекинсејл шармираше во бел фустан со длабоко деколте од KaufmanFranco.
Погледнете го и оценете го стилот на ѕвездите.

























