Синоќа во Њујорк се одржа доделувањето на наградите на Советот на модни дизајнери на Америка. Големиот моден настан привлече бројни ѕвезди од шоу-бизнисот и влијателни лица од модната индустрија.
Престижната награда Модна икона на годината отиде во рацете на Фарел Вилијамс, за Најдобри дизајнери на женска облека беа прогласени близначките Мери-Кејт и Ешли Олсен за нивната линија висока мода „The Row“, додека Том Форд беше почестен со наградата Најдобар дизајнер на машка облека.
Фарел Вилијамс и Бетси Џонсон
Сестрите Олсен
За Најдобар дизајнер на модни додатоци беше избрана Табита Симонс, а Меѓународната награда им беше доделена на Марија Грација Киури и Пјер Паоло Пичоли. Почесната Награда за животно дело „Џофри Бин“ оваа година ја доби Бетси Џонсон.
Погледнете го и оценете го модниот избор на славните гостинки.







































