Влијателни лица од модната индустрија и многу ѕвезди од шоу-бизнисот присуствуваа на доделувањето на наградите на Советот на модни дизајнери на Америка во Њујорк.
Ријана се закити со престижната награда Модна икона на годината. Џозеф Алтузара беше прогласен за Најдобар дизајнер на женска облека, додека наградата Најдобри дизајнери на машка облека заврши во рацете на Дао-Ји Чау и Максвел Озборн.
Близначките Мери-Кејт Олсен и Ешли Олсен ја примија наградата Најдобри дизајнерки на модни додатоци. Почесната награда за животно дело „Џофри Бин“ ја доби Том Форд, а Раф Симонс, главниот дизајнер на Dior, ја прими Меѓународната награда.
Погледнете го и оценете го стилот на дамите.





























