Славни лица од светот на модата и шоу-бизнисот присуствуваа на доделувањето на наградите на Советот на модни дизајнери на Америка за да им оддадат признание на најдобрите во креирањето на женска и машка облека и модни додатоци.
Рикардо Тиши, главниот дизајнер на модната куќа Givenchy ја прими Меѓународната награда. Основачите на Proenza Schouler, Лазаро Eрнандез и Џек МекКалоу, ја добија наградата за Најдобри дизајнери на женска облека. Том Браун стана добитник на наградата Најдобар дизајнер на машка облека, додека на Филип Лим му беше врачена наградата Најдобар дизајнер на модни додатоци.
Погледнете го и оценете го модниот избор на дамите на свечениот настан кој се одржа во Њујорк.

































