Модната парада на црвениот тепих на AMA 2012 не беше особено впечатлива. Повеќето дами од музичкиот свет за свечената вечер избраа блескави и сјајни фустани во златни или светло розови нијанси. Низ дизајнерските креации можеше да се забележи и црна боја, а монотонијата ја разбиваа жолтите фустани на Ники Минаж и Кери Вашингтон, како и виолетовиот фустан на Кери Андервуд.



















