• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

ФОТО: 76-годишната Џејн Фонда блесна во Кан со фустан од Ели Сааб

15 мај 2014, 16:41
  • cподели

Гламурот владее на француската ривиера. Отворањето на Канскиот филмски фестивал повика филмски ѕвезди кои се стремат да го покажат најдоброто од својот вечерен стил.

Џејн Фонда е редовна гостинка на меѓународниот фестивал, а нејзиното присуство никогаш не останува незабележано. И во осмата деценија од животот, грациозната актерка изгледа фантастично.

Џејн Фонда

На синоќешната церемонија по повод отворањето на фестивалот, 76-годишната ѕвезда се појави во блескав фустан од високата мода на Ели Сааб. Црвената креација е од колекцијата есен/зима 2013-2014.

Џејн Фонда Џејн Фонда Џејн ФондаФонда со Зое Салдана и Блејк Лајвли Џејн Фонда Џејн Фонда

Фонда верува дека физичката активност е клучот за доброто здравје и атрактивниот изглед. Таа стана фитнес гуру во 80-тите години и досега има издадено 24 видеа за вежбање. Сепак, Џејн не крие дека неколкупати има побарано мала помош од пластични хирурзи за подобрување на лицето и телото.

Џејн Фонда

Фустанот кој Фонда го носеше во Кан е речиси идентичен на фустанот со кој Анџелина Џоли одушеви на доделувањето на Оскарите.

Џејн Фонда
Tags
Џејн Фонда

Најнови

  • Весна Алексовска

    „Коските ми пукаа дури и од обично гушкање“: Весна Алексовска искрено за животот со ретка болест

    Thu, 02/26/2026 - 15:00
  • Бил Гејтс призна дека ја изневери бившата сопруга Мелинда со две Русинки, се извини за поврзаноста со Епстин

    Thu, 02/26/2026 - 14:18
  • Проекција на „Мајка“

    Ексклузивна проекција на „Мајка“ во организација на A1 Македонија

    Thu, 02/26/2026 - 13:21
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.