Емилија Мицевска допира до срцата на мајките.
Преку серија фотографии на кои го држи своето бебенце во прегратка, македонската актерка испрати силна порака за мајчинството и покажа како изгледаат истите моменти од две различни перспективи.
Во првиот дел од секоја фотографија се испишани мислите на мајката, а потоа следуваат реченици кои ја претставуваат перспективата на детето. Натписите потсетуваат дека дури и кога мајките чувствуваат умор, вина или мислат дека не направиле доволно, за нивните деца тие се најважното место за љубов, сигурност и утеха.
Денес ништо не направив.
Фала што цел ден го помина со мене.
Цела ноќ не заспав.
Фала што си тука секогаш кога ми требаш.
Ми требаат 5 минути сама со себе.
Фала што ме носиш секаде со тебе.
Не ми се излегува од дома.
Фала што ме однесе да се шетаме.
Не стигнав да се средам.
Фала што ми ја облече најубавата облека.
Емилија и нејзиниот вереник Деан Стојковски станаа родители на крајот на јуни.
