• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Музика

Елвир Мекиќ и Маја Саздановска со изненадување: Хитот „Опасно“ по 18 години конечно доби спот

9 февруари 2026, 12:02
  • cподели
Елвир Мекиќ и Маја Саздановска во спотот за „Опасно“

Цели 18 години откако беше промовирана, песната „Опасно“ на Елвир Мекиќ и Маја Саздановска конечно доби свој официјален музички спот.

Видеото беше промовирано на YouTube каналот на Урбан рекордс и веднаш доби многу позитивни коментари.

„Идејата за конечно да снимиме спот за песната што ја испеавме пред скоро две децении беше на Иван Јованов - Iwayo, и со Маја веднаш се сложивме. Но бидејќи сакавме да ги вклучиме и фановите, решивме во спотот да учествуваат и тие и да ни испраќаат свои видеа како ја пеат ‘Опасно’,“ вели Елвир.

Дополнително, во реализацијата на видеото се вклучија и познати македонски инфлуенсери како Дора, Нина Ред, Октај Сејди, како и мејкап артистот Даниел Николовски.

Видео

„Опасно“, која пред 18 години се создаде по музика на Јован Јованов, а за која текстот го напиша Елвир, и денес звучи модерно и современо, докажувајќи дека добрата музика не познава време. Елвир ќе ја испее оваа песна и на големиот заеднички концерт со Јован Јованов, кој ќе се одржи во арената „Борис Трајковски“ на 6 јуни 2026.

Билетите за концертот се веќе во продажба, а може да се купат преку MKTickets на линкот
https://mktickets.mk/event/jovan-jovanov-elvir-mekic-i-prijateli/.

Tags
Елвир Мекиќ
Маја Саздановска
македонска музика

Најнови

  • Хорот од ООУ „Кузман Јосифовски - Питу“

    „Скокавме од радост и извикувавме 'Македонија, Македонија'“: Маестро Верче и хорот од „Кузман Јосифовски - Питу“ триумфираа во Италија

    Fri, 05/22/2026 - 12:14
  • „Луѓето мислеа дека е бомба“: Рики Мартин ја разигра Црна Гора, концертот накратко прекинат поради солзавец

    Fri, 05/22/2026 - 11:46
  • dm и Матрона - обука

    Битола во знакот на мајчинството: dm и „Матрона“ ги собраа идните родители на едукативна средба со стручни лица

    Fri, 05/22/2026 - 11:36
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.