Елена Реи заведува во бикини откако објави дека се повлекува од модниот свет: „Го затворам ова поглавје“
Елена Реи објави дел од својот летен албум.
Македонската манекенка сподели фотографии на кои максимално ги користи последните топли денови за уживање и релаксација на плажа. Таа изгледа атрактивно во бикини.
Пред една недела, Елена откри дека одлучи да се повлече од модната индустрија по 17 години кариера. Таа се присети на годините исполнети со патувања, нови места, различни култури и луѓе и призна дека иако животот на манекенка не бил секогаш лесен, за возврат добила незаборавни искуства.
Еве го нејзиниот пост:
По 17 незаборавни години во модната индустрија, чувствувам дека дојде време да го затворам ова прекрасно поглавје и полека да започнам со пензионирањето. Отсега ќе бидам достапна само за директни ангажмани. 🫶🏼
Од тие 17 години, 15 ги поминав во странство, постојано патувајќи, откривајќи нови места, култури и луѓе. Ова патување ми даде многу повеќе отколку што некогаш можев да замислам. На секој агент, агенција, клиент, колега, пријател и на секој човек што го сретнав по патот – ви благодарам што бевте дел од мојата приказна.
Нема да се преправам дека секогаш беше лесно. Пропуштив многу моменти, родендени, прослави и време поминато со луѓето што ги сакам. Но, за возврат, добив искуства, спомени, сила, независност и уште многу повеќе. Најдов пријатели кои станаа семејство, дом на неочекувани места, љубов и делови од себе кои можеби никогаш немаше да ги откријам поинаку.
Ова патување ме обликуваше во личноста што сум денес и, искрено, не би променила ниту една работа.