Ѕвездено небо во Охрид: Јаков Јозиновиќ ја разнежни македонската публика со „Боже чувај ја од зло“ од Тоше Проески
Јаков Јозиновиќ пееше за македонската публика на концерт во „Антички театар“ во Охрид.
Хрватскиот пејач, кој за кратко време стана вистински хит на Балканот, ги разнежни присутните со изведба на песната „Боже чувај ја од зло“ од незаборавниот Тоше Проески.
Веднаш штом ги отпеа првите стихови, публиката почна да пее во еден глас, создавајќи атмосфера исполнета со емоции и носталгија.
Изведбата беше проследена со силен аплауз, а многумина ги вклучија светлата на своите мобилни телефони, правејќи ѕвездено небо, какво што се создаваше на концертите на Тоше.