Доктор Чадиковски: „40 деца со Даунов синдром досега се оперирани кај нас... Овие деца не се ‘различни’, тие се подарок“
Доктор Владимир Чадиковски сподели слатка фотографија на која позира со дечиња со Даунов синдром заедно со важна порака за сите.
Македонскиот детски кардиохирург напиша дека има оперирано повеќе од 40 деца со Даунов синдром и дека таа група на деца засекогаш го допрела неговото срце.
Еве го неговиот текст:
Од денот кога започнавме да оперираме детски срца, нашата сала виде многу битки…
Но, има една група деца што засекогаш го допреа моето срце.
Повеќе од 40 деца со Даунов синдром досега се оперирани кај нас.
40 мали срца што чукаат со посебна сила.
40 насмевки што не знаат за предрасуди.
40 души што знаат само едно – љубов.
Овие деца не познаваат омраза, не делат луѓе, не судат.
Тие сакаат искрено, чисто и без услови.
И токму затоа, тие се мои учители.
Секое дете заслужува шанса.
Секое срце заслужува грижа.
Секој живот заслужува почит.🧡 Стоп дискриминација.
🧡 Да избереме емпатија наместо страв.
🧡 Љубов наместо тишина.
Овие деца не се „различни“.
Тие се подарок.