• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Џоан Колинс: Џенифер Анистон не е убава како Анџелина

13 октомври 2010, 11:51
  • cподели

Џоан Колинс ги отвори вратите на својот дом за списанието Hello! и не пропушти да каже збор-два за нејзините современи колешки од Холивуд.

77-годишната актерка со последното интервју покажа дека воопшто не се плаши да го искаже своето мислење, без разлика на тоа дали некој ќе остане засегнат.

Таа предупреди дека времето на класичната холивудска убавина е завршено и дека денес нема вистински убавици во Холивуд. Сепак, Колинс смета дека постои една убавица која може да се мери со убавината на Ава Гардер или Лана Тарнер.

“

Морам да кажам, денес нема многу актерки кои изгледаат убаво. Тука е Анџелина Џоли и... Анџелина Џоли. Џенифер Анистон е слатка, но не би рекла дека е убава. Таа не е Ава Гарднер или Лана Тарнер.

изјавила Колинс за Hello!

Џоан КолинсЏоан Колинс на забава на Vanity Fair оваа година

Но, Анџелина и Џенифер не се единствените кои добија коментар од познатата актерка од серијата „Династија“. Колинс смета дека популарноста на Шерил Кол се должи единствено на нејзината убавина.

„Мислам дека Шерил Кол е толку популарна, затоа што е убава и јавноста е гладна за прекрасни луѓе... Кога бев млада сите што се појавуваа на екраните беа прекрасни“ – објаснила Џоан.

Џоан Колинс е од ретките актерки кои отсекогаш инсистирале дека нема да се свртат кон козметичката хирургија за да го одржат изгледот. Во врска со тоа, таа признала:

„Жените кои употребуваат козметички операции изгледаат ужасно. Тие не се сакаат себеси. Мене ми се допаѓа како изгледам, среќна сум со начинот на којшто изгледам и не сакам да го менувам. Пред камера мојата кожа не е приближно убава како што беше. Но, по ѓаволите, секоја мора да остари. Мислам дека има нешто застрашувачко кај луѓето кои се во своите 50-ти и 60-ти години, а кои се обидуваат да изгледаат како 30 или 40.“

Домот на Џоан КолинсДомот на Џоан Колинс

Во интервјуто Џоан открила дека тајната за одржувањето на нејзината тежина е во контролирање на големината на порциите.

„Луѓето велат ‘Не е моја вина, тоа се моите жлезди’. Не се, виновна е алчноста“ – дополнила Џоан.

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.