• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

Џенифер Лопез во стајлинг со деколте откако се засилија гласините дека е во врска со колегата Брет Голдстин

20 октомври 2026, 09:50
  • cподели

Џенифер Лопез ги размрда прстите на новинарите и фоторепортерите појавувајќи се на црвениот тепих во Лос Анџелес по гласините за нова романса.

57-годишната пејачка носеше впечатлива модна комбинација на гала-вечерта по повод отворањето на новата оперска сезона во Лос Анџелес, во период кога сè погласно се шпекулира дека е во врска со британскиот актер Брет Голдстин, со кого глумеше во филмот „Office Romance“.

За настанот, Џеј Ло избра црн фустан од дизајнерката Марија Лусија Хохан, кој го искомбинира со драматична наметка од Dolce & Gabbana украсена со цветни детали, сјајна тиркизна постава и раскошно крзно околу јаката и ракавите.

Но, љубопитноста на јавноста сè повеќе ја будат шпекулациите за нејзиниот приватен живот.

Според извор на Page Six, Лопез и 46-годишниот Голдстин, познат и по улогата во серијата „Ted Lasso“, наводно започнале да се состануваат без обврзување. Двајцата биле забележани на забава во Лос Анџелес на 16 октомври, на која пристигнале и влегле одделно, но наводно си заминале заедно во ист автомобил.

Брет го напиша сценариото за романтичната комедија „Office Romance“ специјално за Лопез, со која и глуми во филмот. Нивната блискост предизвика шпекулации уште пред премиерата.

Дополнителен повод за шпекулации беше и изјавата на Лопез во октомври, кога во емисијата „Watch What Happens Live“ го пофали актерот како најдобриот партнер кој го бакнала на снимање. Сепак, во јуни, додека го промовираа заедничкиот филм, двајцата директно ги негираа гласините дека се во врска.

Лопез во август 2024 година поднесе барање за развод од Бен Афлек, по две години брак.

Tags
Џенифер Лопез

Најнови

  • Џенифер Лопез во стајлинг со деколте откако се засилија гласините дека е во врска со колегата Брет Голдстин

    Tue, 10/20/2026 - 09:50
  • „Не знам дали нејзиниот потпис воопшто значи нешто“: Доналд Трамп јавно ја омаловажи Меланија

    Tue, 10/20/2026 - 09:27
  • Имаше 34 години, беше во врска со Џастин Бибер: Почина моделот Сахара Реј само месеци по раѓањето на првото дете

    Tue, 10/20/2026 - 08:55
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.