Излезе официјалниот трејлер за долгоочекуваната филмска адаптација на бестселерот „Клара и Сонцето“ (Klara and the Sun) од нобеловецот Казуо Ишигуро.
Зад овој проект стои оскаровeцот Таика Ваитити, што значи дека нè очекува совршен спој на емотивна драма со неговиот специфичен хумор.
Филмот нè запознава со Клара (Џена Ортега), која е „вештачки пријател“, робот дизајниран да им помага на тинејџерите да не бидат осамени. Клара има само една желба: да го пронајде совршениот дом.
Судбината ја спојува со Џози (Миа Тариа), млада девојка со која веднаш стануваат сродни души. Џози има прилично комплициран и тежок однос со нејзината мајка, која ја толкува брилијантната Ејми Адамс, а семејството се соочува и со голема загуба. Сепак, со својата детска љубопитност, невина чудесност и апсолутна лојалност, роботот Клара ќе се обиде да го „излекува“ скршеното семејство и да внесе светлина во нивниот свет.
Во филмот ќе ги видиме и Аран Марфи, како и легендарните Стив Бушеми и Наташа Лион.
Трејлер за „Klara and the Sun“
„Клара и Сонцето“ пристигнува во кината на 23 октомври.