• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Музика

„Дијамант“ – спотот за новата песна на Елвир Мекиќ снимен на Козјак

12 јануари 2026, 12:10
  • cподели

Откако долго време беше повлечен од музичката сцена, Елвир Мекиќ ја продолжува својата кариера онаму каде што застана и тоа со новата песна „Дијамант“, како и спотот за истата.

Текстот на песната е на самиот Елвир, додека музиката и аранжманот се дело на Јован Јованов, чиј потпис е гаранција за квалитет и современ звук.

Видеото за „Дијамант“ е снимено на Козјак, а режијата е на Кристијан Теодоров, кој со својата визија и чувство за детали, одлично ја раскажува приказната на песната.

„Се заљубив во песната уште од првиот момент кога ја слушнав. Искрено се надевам дека и публиката ќе го почувствува истото. Песната ми е особено драга, бидејќи е искрен израз на емоција и мојата љубов кон музиката“ – вели Елвир.

Песната „Дијамант“, доаѓа само неколку месеци откако Мекиќ ја промовираше дуетската „Адреналин“ со Јован Јованов. Пораката е јасна – Елвир се враќа на сцената со нова енергија, автентичен звук и желба повторно да воспостави силна врска со публиката.

Tags
Елвир Мекиќ

Најнови

  • Закон за заштита од пушење

    Стоп за пушење во кола со дете, на автобуски станици... Еве каде сè ќе биде забрането пушење со новиот закон со строги казни

    Mon, 01/12/2026 - 15:20
  • Ретко заедничко појавување на црвениот тепих: Мила Кунис и Ештон Кучер на Златен глобус по бројните критики

    Mon, 01/12/2026 - 13:39
  • Селена Гомез и Бени Бланко

    Заљубен пар: Селена Гомез гламурозна во Шанел до сопругот Бени Бланко на Златен глобус

    Mon, 01/12/2026 - 13:20
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.