• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

„Децата ти се прекрасни“: Пријателите на Панчо од ДНК со емотивни пораки една година по неговата смрт

14 октомври 2026, 21:25
  • cподели

Една година без Владимир Блажев – Панчо. Времето минува, но болката од неговото заминување не стивнува кај луѓето кои го познаваа, го сакаа и со него делеа безброј спомени.

На годишнината од неговата смрт, бројни негови пријатели се потсетија на саканиот музичар, споделувајќи заеднички фотографии и емотивни посвети на социјалните мрежи.

Поранешниот кошаркар Перо Антиќ објави нивна заедничка фотографија со опис „Фалиш, џеџуле“.

Панчо и Перо Антиќ

Елена Ристеска со неверување објави фотографија од Панчо, на која напиша „Пане мој, зар помина година?!“

Панчо

Каролина Гочева, со која беа блиски пријатели, објави фотографија, спомен од негов роденден.

Панчо од ДНК

Теа Трајковска сподели заедничко селфи со Панчо и стави стихови од песната „Милион денови“ на ДНК:

„Те барам, те нема кога ми требаш, правам јас сѐ, а малку е.. те барам, те нема кога ми требаш, правев јас сѐ за тебе... милион денови јас би ги заменил за една ноќ со тебе...“

Панчо

Неговиот тим од „Sure Shotz“ објави фотографија од диџеј настап на Панчо познат и како Диџеј Шорти Пи и напиша: „1 година без тебе... FOREVER 🅿️!“

Панчо

Таско го одбележа денот со фотографија од настап со Панчо, за кого во многу наврати има зборувано дека многу му помогнал во тешките периоди од неговиот живот.

Панчо

Ана Костадиновска, која долги години беше придружен вокал на бендот, сподели колаж со фотографии со пејачот кого го нарекуваше и свој брат, па скршена од тага стави опис: „Една година без тебе“.

Панчо

Посебно емотивна беше и објавата на Маја Плантар, која сподели:

„Ќе ти кажам само дека децата ТИ СЕ ПРЕКРАСНИ
Она шо го остави зад себе е за гордост
Твоја одлика, чесни, паметни, мирни, вредни
Пливај горе спокојно, не те забораваме
Ми фалиш секој ден
Како што ни остави аманет, ако утре те нема, нема да те жалиме, ќе те славиме.
Те сакам срц❤️“

Младата пејачка Мина Блажев, со која беа и роднини, на заедничка црно-бела фотографија напиша: „Ќе ми недостигаш засекогаш П“.

Панчо

И Горан Папаз се потсети на својот пријател.

Панчо

Популарниот пејач кој почина на 46-годишна возраст настапуваше ноќта кога избувна пожарот во дискотеката „Пулс“ и штом го забележа пламенот и чадот, на микрофонот ги советуваше сите да излезат надвор. Иако имаше информации дека неговата состојба е подобрена, за жал, тој не успеа да преживее.

Панчо беше татко на две деца - Андреја и Марјан.

Во пожарот во Кочани згаснаа животите на речиси сите членови на ДНК - пејачот Андреј Ѓорѓиески, клавијатуристот Филип Стевановски, гитаристот Александар Коларов, тапанарот Ѓорги Ѓоргиев, придружниот вокал Сара Пројковска, бит-боксерот Мартин Атанасовски (Буцо), тонецот Игор Велков и фотографот Александар Ефремов.
 

Tags
Панчо

Најнови

  • „Децата ти се прекрасни“: Пријателите на Панчо од ДНК со емотивни пораки една година по неговата смрт

    Wed, 10/14/2026 - 21:25
  • Андреј и Панчо од ДНК

    „Плус и минус сме, но имаме голем компромис“: Како зборуваа Андреј и Панчо еден за друг во нивното последно интервју

    Wed, 10/14/2026 - 13:20
  • Гризнала член на екипажот, удрила полицаец... Селма Блер уапсена за инцидент во авион, адвокатот тврди дека не ги испила лековите

    Wed, 10/14/2026 - 13:13
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.