• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Д-р Ненад Петков: Успешно имплантирана првата реверзна протеза на рамо во Клиника Жан Митрев

18 мај 2026, 02:12
  • cподели
Клиника Жан Митрев

Во Клиника Жан Митрев за првпат е успешно изведена операција со имплантација на реверзна тотална протеза на рамо, напредна хируршка техника која претставува значаен чекор напред во третманот на сложени состојби на рамениот зглоб.

Оваа интервенција е наменета за пациенти кај кои болката и ограничената подвижност на рамото значително го нарушуваат квалитетот на живот, особено во случаи кога традиционалните хируршки методи имаат ограничен ефект. Најчесто станува збор за пациенти со тежок артритис на рамото во комбинација со оштетена или нефункционална ротаторна манжетна, како и кај сложени скршеници на рамениот зглоб кај кои не е можно класично хируршко третирање со остеосинтеза.

Реверзната тотална протеза на рамо се разликува од стандардната анатомска протеза по начинот на поставување на нејзините компоненти. Кај оваа техника се менува природната анатомија на зглобот, при што заоблениот дел од протезата се поставува на страната на лопатката, додека на страната на надлактицата се поставува полиетиленска компонента. Оваа промена во биомеханиката овозможува функцијата на рамото да се преземе од други мускулни групи, што е од особено значење кај пациенти кај кои ротаторната манжетна е сериозно оштетена или недостасува.

Благодарение на овој пристап, пациентите добиваат можност повторно да ги изведуваат основните движења на раката и значително да ја намалат болката, дури и во случаи кога претходно движењето било речиси невозможно.

Клиника Жан Митрев

„Оваа процедура е наменета токму за пациенти кај кои ротаторната манжетна е сериозно оштетена или нефункционална. Со неа овозможуваме значително намалување на болката и враќање на подвижноста, што директно влијае врз квалитетот на живот“, објаснува д-р Ненад Петков, ортопедски хирург специјализиран за хирургија на рамо, кој заедно со својот тим ја изведе интервенцијата.

Операцијата е изведена со користење на современ софтвер за предоперативно планирање и 5D виртуелна навигација, што овозможува детална подготовка и висока прецизност при имплантацијата, со минимален простор за грешка.

По операцијата, пациентите остануваат кратко во болница и се отпуштаат на домашна нега веќе следниот ден. Раната мобилизација е клучен дел од закрепнувањето, па пациентите се охрабруваат да започнат со лесни активности уште во првиот постоперативен период, што овозможува побрзо враќање во секојдневните активности.

Имплантацијата на реверзна протеза на рамо претставува современо и ефикасно решение за третман на комплексни ортопедски состојби и нова можност за пациентите повторно да се движат без болка и со подобар квалитет на живот.

Д-р Ненад Петков
Специјалист по ортопедија
Супспецијалист по трауматологија

Д-р Ненад Петков, специјалист по ортопедија
Tags
Клиника Жан Митрев
д-р Ненад Петков

Најнови

  • Клиника Жан Митрев

    Д-р Ненад Петков: Успешно имплантирана првата реверзна протеза на рамо во Клиника Жан Митрев

    Mon, 05/18/2026 - 02:12
  • Атрактивна славеничка: Лара Иванова во бикини го прослави 22-риот роденден во Анталија

    Sun, 05/17/2026 - 19:00
  • Евровизија

    Бугарија победи на Евровизија: Дара триумфираше со енергичната „Bangaranga“

    Sun, 05/17/2026 - 16:11
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.