• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Животни стории

„Бременоста не е лесна за сите“: Блогерка се отвори за борбата со ендометриозата и тешкиот пат до второ дете

14 октомври 2026, 10:37
  • cподели

Бременоста не доаѓа лесно за сите.

Инфлуенсерката Наоми Ариел отворено проговори за својата борба со ендометриозата и тешкиот пат до добивање второ дете, испраќајќи важна порака до сите жени кои се соочуваат со проблеми при зачнувањето.

Ариел го доби првото дете, синот Ли, пред осум години, но второто мајчинство не дошло лесно. По долг период на испитувања и здравствени предизвици поврзани со ендометриозата, со партнерот успеале да зачнат со помош на интраутерина инсеминација (IUI).

„Забременувањето не е секогаш нешто што се случува природно и лесно. По долг процес на испитувања и проблеми со ендометриозата, моите јајцеводи беа прочистени и забременив преку IUI“ – напиша таа на социјалните мрежи.

Во емотивната објава Наоми ги повика луѓето да бидат повнимателни со прашањата и коментарите од типот: „Кога ќе имате дете?“, бидејќи многу парови водат тивки битки за кои јавноста не знае.

„Дури кога самата поминуваш низ тоа, сфаќаш колку многу луѓе се во истата ситуација. За мене ова беше искуство кога се чувствував многу осамено“ – призна таа.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by naomi ariel (@naomi.ariel)

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by naomi ariel (@naomi.ariel)

Бременоста на Ариел не поминала без предизвици. Уште од 14-тата недела се соочувала со силни болки предизвикани од ендометриозата.

„Болката во карлицата е ужасна. Понекогаш не можев ни доволно високо да ги подигнам нозете за да си ги облечам чевлите“.

„Го ставив мојот живот на пауза за да го создадам твојот“ – напиша таа за ќеркичката, додавајќи дека нејзиниот активен начин на живот бил ставен во мирување со месеци.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by naomi ariel (@naomi.ariel)

„Среќна сум што добиваме бебе, но никогаш не уживав во бременоста. Повторно поминав низ тоа затоа што знам што добивам на крајот, а не затоа што самото искуство ми беше убаво“ – напиша таа.

Во февруари 2026 година на свет дојде нејзината ќерка Рокс Рајли Волфрам, а семејството конечно се комплетирало. Сега, Ариел ужива во животот со малата ќеркичка.

Со својата приказна, Наоми испраќа силна порака за поддршка до сите жени кои се борат со неплодност, ендометриоза и комплицирани бремености, потсетувајќи дека зад насмевките на социјалните мрежи често се кријат и тешки животни битки.

Tags
инсеминација
ендометриоза

Најнови

  • „Бременоста не е лесна за сите“: Блогерка се отвори за борбата со ендометриозата и тешкиот пат до второ дете

    Wed, 10/14/2026 - 10:37
  • „Ова срце чука само за вас“: По 20 години борба со неплодност, 54-годишна жена забремени со ин витро во Битола

    Wed, 10/14/2026 - 09:45
  • „Синко мој, дали некогаш ќе си се гушнеме?“: Пејачот Маријан Стојаноски со тага во срцето сподели фотографија од синчето кое почина на 5 години

    Wed, 10/14/2026 - 09:05
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.