Бомбакис со семејството на крштевката на помалата ќерка: „Сѐ што мислев дека е важно, стана помалку важно откако ги имам нив“
За Кристијан Станковски овој септември има посебно значење.
Скопјанецот познат како Бомбакис, заедно со сопругата Вики, организираа двојна семејна прослава. Во еден ден тие го одбележаа првиот роденден и крштевката на нивната помала ќеркичка Јована.
Гордиот и среќен татко објави семејни фотографии од пред црквата „Св.Петка" во скопската населба Црниче, а во описот стави емотивна порака:
„Сè што мислев дека е важно, стана помалку важно откако ги имам нив. 🤍
Среќен 1 роденден и среќна крштевка, Јована.💙“
Бомбакис и Вики ја имаат и ќерката Бисера, која наскоро ќе наполни три години.
Инфуленсерот, кој пишува пораки на картони, и претходно на социјалните мрежи истакнувал колку му значат неговите две деца:
„Две раце, две ќерки, едно срце, цел свет. Благодарен сум на Господ што ми подари најголемото богатство во животот. Бисера и Јована се мојата вечна сила, мојот вечен мир.🥰“