• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Шоу-бизнис

„Бев во пекол“: Мајкл Бубле се отвори за борбата со рак на неговото синче со Луисана Лопилато

9 јули 2018, 11:40
  • cподели

Мајкл Бубле и Луисана Лопилато поминаа низ кошмарен период додека нивното синче се бореше со рак на црниот дроб. И двајцата ги имаа ставено кариерите на пауза додека траеше здравствената криза. Сега, откако малиот Ноа извојува победа над болеста, 42-годишниот пејач проговори за мачното искуство.

Мајкл Бубле и Луисана Лопилато

„Бев во пеколот. Не зборувам за целата сторија, дури ниту со моите пријатели, затоа што боли премногу. Тој е суперхерој, не треба да го преживува истото повторно. Но, јас бев во пеколот. И знаете што, пеколот изгледа како навистина добро место за одмор во споредба со она каде што бевме ние.“

„Навистина мислев дека никогаш нема да ѝ се вратам на музиката. Семејството е она што е важно. Здравјето на моите деца е на прво место. Односите со моето семејство, со мојата сопруга, мојата вера – сето тоа со леснотија кажувам дека е на прво место... Рак е, па очигледно треба да го следиме, но немаше да го правам ова ако тој не беше во ред“ - изјави Библе за австралискиот весник Herald Sun.

Лекувањето на Ноа заврши во март минатата година, а неколку месеци подоцна Луисана и Мајкл решија дека е време да продолжат со професионалните ангажмани. Канадскиот пејач се враќа на музичката сцена со нов албум. Тој признава дека ужасната болест му помогнала да го гледа животот од нова перспектива.

Мајкл Бубле и Луисана Лопилато

„Тоа што гледав на работите толку јасно ми даде можност повторно да ја пронајдам љубовта кон музиката. Ќе се вратам во свет на кој му треба љубов и романтика и смеа повеќе од кога било“ - додал тој.

По тешкиот период, за парот доаѓаат многу среќни моменти. Луисана наскоро ќе го роди третото дете. Тоа ќе биде прва ќерка за славната двојка.

Мајкл Бубле и Луисана Лопилато Мајкл Бубле и Луисана Лопилато Мајкл Бубле и Луисана Лопилато
Tags
Мајкл Бубле
Луисана Лопилато

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.