„Беше и остана скопски фраер“: Весна Петрушевска со силни емоции се сеќава на татко си кого го изгуби пред 4 години
Весна Бејби Петрушевска со огромни емоции се сеќава на татко си Кирил на денот на неговата смрт.
Македонската актерка сподели видео составено од фотографии од човекот кој е заслужен за нејзиното постоење, а кого го изгуби пред точно 4 години. Весна сподели колку многу ѝ недостига Кирил, по кого е крстен нејзиниот единствен син.
Во видеото, Петрушевска вели:
Некои загуби човек не ги преболува, ги учи, ги носи. Така и јас те носам тебе, тивко, најдлабоко, како најскапо парче душа што никој не може да ми го земе. Ти благодарам и на тишината... ти ме научи на тоа, да молчам и да слушам. Недостигаш... понекогаш многу, понекогаш премногу и не знам таму каде што си ме гледаш, ме следиш, ми го чуваш срцето. Ти си домот што го носам со себе, без разлика каде одам. Те сакам.
Во описот на Instagram објавата стои:
За тато🖤 9.12 едно од две утра кога не сакав да ме разбудат🖤🖤 Ти си домот што го носам со себе, без разлика каде одам.
И ќе те носам, сè додека чука ова срце. Ова време на 8.12 пред 4 години ми се јави иако живеевме врата до врата да ми каже виц и да се пофали дека си купил нови патики: Веки немаш појма колку се добри🩷Беше и остана скопски фраер 🖤