• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Актуелно

Бел наместо црвен: приказната зад новиот изглед на Coca-Cola знакот во Скопје

15 октомври 2026, 12:47
  • cподели

Силното невреме што летово го погоди Скопје остави траги низ целиот град. Меѓу оштетените беше и еден од најпрепознатливите симболи во центарот – големиот лендмарк на Coca-Cola.

Силниот ветер го оштети црвениот плексиглас на буквите, а под него се појави бела површина. Додека знакот ја чекаше својата поправка, неколку недели можеше да се види во ова „несовршено“ издание.

Coca-Cola

Но, наместо веднаш да го врати стариот изглед, Coca-Cola реши да направи нешто поинакво. Целосно го отстрани оштетениот црвен плексиглас и познатите букви станаа бели. Под нив додаде и нов бел испис zero sugar. Токму бојата на буквите беше една од промените во освежениот изглед на Coca-Cola Zero Sugar, кој беше промовиран неодамна.

Така, сосема непланирано, еден од најпознатите знаци во Скопје доби ново лице. За да го одбележи моментот, Coca-Cola ја покани Александра Трпеска, креаторка на дигитални содржини позната како Маџестик, симболично да ги вклучи светлата на белите букви. Токму на тоа место е снимено и едно постаро нејзино видео, едно од првите од соработката со Coca-Cola.

Coca-Cola
Coca-Cola

Наместо оштетувањето да биде само нешто што треба да се поправи, тоа стана повод добро познатиот скопски лендмарк накратко да го видиме во ново светло. Невремето скрши парче, но Coca-Cola заблеска во ново светло.

Оваа мала промена покажува дека понекогаш и нешто сосема непланирано може да биде почеток на добра идеја.

Погледнете го видеото од трансформацијата.

 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Aleksandra Trpeska (@majestic.at)

Tags
Coca-Cola
Александра Трпеска

Најнови

  • Mivolis

    Студените денови се пред врата: Овој производ од dm содржи дури 10 микронутриенти за поддршка на имунитетот!

    Thu, 10/15/2026 - 12:57
  • Coca-Cola

    Бел наместо црвен: приказната зад новиот изглед на Coca-Cola знакот во Скопје

    Thu, 10/15/2026 - 12:47
  • Кејли Куоко

    „Семејството сега ни е комплетно“: Кејли Куоко се породи и сподели приватни фотографии од болницата

    Thu, 10/15/2026 - 12:03
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.