„Бебето расте, расте и апетитот“: Софија Манчева гордо го покажа трудничкото стомаче на плажа, сподели детали од животот во Дубаи
Софија Манчева ужива во бременоста, сончевите денови во Дубаи и малите секојдневни ритуали.
Згодната Македонка, која работи како фитнес тренер, сподели фотографии на кои го покажа трудничкото стомаче во бикини, а воедно откри и дел од нејзината рутина во овој период.
„Бебето расте, расте и апетитот, па паѓа по некоја крофна повремено“ – се пошегува Софија во објавата на Instagram.
Иако си дозволува и по некое слатко задоволство, таа продолжува да се грижи за добрите навики и за доручек задолжително јаде чиа, тренира 3-4 пати неделно и пешачи, а со нетрпение ги очекува и посвежите зимски денови во Дубаи.
Времето во Дубаи се подобрува, I cannot wait за зимата тука.
Мајка ми е со нас уште неколку дена и го користам секој слободен момент со неа.
Бебето расте, расте и апетитот, па паѓа по некоја крофна повремено.
За доручек обавезно се јаде чиа, се тренира 3-4 пати неделно и се прават чекори.
Во меѓувреме се спремаме за Slim&Dopamine.
Можам само да кажам да се спремате за најубавото мени досега. 🤩💫🤝– напиша таа.
Пред две недели, Софија и Марио ја споделија радосната вест дека ќе станат родители со слатко видео снимено на плажа.
