Бебенце родено во 22. недела од бременоста со само 460 грама конечно си оди дома по 257 дена во болница
Од минијатурно новороденче, до силно бебе кое се избори за живот... Малиот Џон Деланси имаше тежок почеток на животот, но на сите им докажа дека чуда навистина се случуваат.
Бебенцето се роди во 22-рата недела од бременоста со тежина од само 460 грама и остана на Одделот за интензивна нега 257 дена (повеќе од 8 месеци). За среќа, денес Џон има повеќе од 7,7 килограми и веќе е дома со семејството.
За време на долгиот и неизвесен период во болница, медицинскиот тим неуморно се борел за неговиот живот.
„Потребна е извонредна тимска работа за да се негува бебе родено толку рано, а Џон секој ден нè потсетуваше зошто оваа работа е толку важна. Тој е вистински борец“ – изјавила директорката на одделот.
Неговото семејство со огромна благодарност зборува за лекарите, медицинските сестри, терапевтите и целиот персонал кој, како што велат, вложил срце и душа во неговото закрепнување.
За време на престојот, персоналот дури го опсипувал малиот Џон со облека, играчки и бебешка опрема.
Пред заминувањето, болничкиот тим му доделил специјална „NICU диплома“ и му направил емотивна прослава за неговата неверојатна победа. Да, имало солзи, но овој пат само радосници.