• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Животни стории

Бебенце родено во 21. недела на кое докторите му давале 0% шанси да преживее го прослави првиот роденден

23 јуни 2021, 08:16
  • cподели

Ричард Скот Вилијам Хачинсон има огромна желба за живот и докажува дека секој треба да добие шанса да преживее.

Ричард се роди на 5 јуни минатата година, 131 ден предвреме. Тој тежел помалку од 450 грама, а докторите му давале 0% шанси да преживее. И покрај сите лоши прогнози, се избори за својот живот и го прослави првиот роденден.

Слаткото бебе влезе во Гинисовата книга на рекорди како Најрано родено бебе на светот кое преживеало.

Ричард Скот Вилијам Хачинсон Ричард Скот Вилијам Хачинсон

Неговата мајка Бет дознала дека е бремена во февруари 2020 година. На почетокот од јуни почувствувала дека нешто не е во ред и отишла на преглед, каде било утврдено дека цервиксот е отворен 3 сантиметри. Веднаш била примена во болница и по разговори со докторите, било решено таа да биде породена.

Ричард се роди во 21. недела од бременоста на мајка си и ги помина првите шест месеци од својот живот во болница.

Ричард Скот Вилијам Хачинсон Ричард Скот Вилијам Хачинсон

„Кога Рок и Бет беа на советување за очекувањата со толку рано родено бебе, од нашиот неонатолошки тим им беше кажано дека бебето има 0% шанси да преживее“ – рекла др. Стејси Керн од болницата каде што се родило „бебето-чудо“.

„Знаев дека првите неколку недели од животот на Ричард ќе бидат многу тешки, но чувствував дека можеме да го поминеме ова, дека тој ќе преживее“ – рекла Бет за Гинис.

Ричард Скот Вилијам Хачинсон Ричард Скот Вилијам Хачинсон Ричард Скот Вилијам Хачинсон Ричард Скот Вилијам Хачинсон

За Гинисовиот рекорд, Бет рекла: „Не ми е реално. Сè уште сме изненадени поради тоа. Но, сме среќни. Тоа е начин за да ја споделиме неговата приказна и да ја подигнеме свеста за прематурните раѓања. Тој е многу среќно бебе. Секогаш има насмевка на неговото неодоливо лице. Неговите сини очи и неговата насмевка секогаш ме освојуваат“.

Ричард Скот Вилијам Хачинсон
Tags
минијатурно бебе

Најнови

  • Турската актерка Мерјем Узерли го прослави 5-тиот роденден на ќеркичката Лили со забава инспирирана од „Toy Story“

    Fri, 01/09/2026 - 14:22
  • Никол Шерцингер

    Никол Шерцингер како принцеза во жолта креација од Зухаир Мурад во Дизниленд

    Fri, 01/09/2026 - 14:10
  • dm

    Внатрешен мир и празнична нежност: твојот домашен спа ритуал со Balea Limited Edition производите

    Fri, 01/09/2026 - 13:51
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2026 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.