Бајковита прослава во дворец, луксузни декорации, горда баба... Внуката на Драгана Мирковиќ наполни една година
Драгана Мирковиќ имаше посебна причина за радост. Нејзината внука Ксенија го прослави првиот роденден.
За малата славеничка беше организирана забава во раскошниот дворец на пејачката во Виена, украсен како од бајките. Декорациите во розови тонови доминираa во просторот, а на влезот гостите ги пречекуваа розова машна, огромно плишано мече и светлечка бројка со возраста на славеничката.
Гордата баба на социјалните мрежи сподели фотографија и видеа од прославата и ѝ упати нежна роденденска порака на внуката.
„Ксенија, среќо моја, среќен прв роденден. Те сакам најмногу на светот“ – напиша Драгана.
Посебно внимание било посветено на деталите. Во една од просториите беше поставен декориран замок со фотографија од малата Ксенија, додека трпезата беше уредена со златен прибор за јадење и кристални чаши.
За најмалите гости имаше луксузна детска зона за играње, со трамбулина и други забавни содржини.
Мирковиќ неодамна сподели дека малата Ксенија многу сакала кога таа ѝ пеела, па често смислувала свои песнички, а понекогаш ја успивала и со староградски песни.
Ксенија е внука на Драгана од нејзиниот син Марко. Тој со сопругата Мелани живее во замокот на пејачката во Австрија.