• Маркетинг
  • 🔥 Новости
  • ♏ Хороскоп
  • 🌙 Соновник
  • 💬 Форум
  • Новости
  • Категории
    • Убавина и мода
    • Љубов и секс
    • Диети и фитнес
    • Рецепти
    • Здравје
    • Семејство
    • Дом и градина
    • Кариера
    • Забава
    • Колумни
  • Хороскоп
  • Соновник
  • Форум
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS
Занимливости

„Авон Македонија“ добитник на награда за филантропија

28 февруари 2017, 11:03
  • cподели

„Авон Македонија“ ја доби наградата за филантропија ОКО чие свечено доделување беше вчера во едукативниот центар М6 во Скопје. Станува збор за признание кое традиционално го доделува здружението ХОРУС, а во име на познатата козметичка компанија го подигна Ангела Попјанев. Наградата отиде кај „Авон“ во категоријата долгорочни партнерства помеѓу деловниот и граѓанскиот сектор за соработката која ја реализираше со кризниот центар „Надеж“ во рамки на кампањата за борба против семејното насилство.

Avon

Козметичката компанија лани донираше 10.000 долари на организацијата која 16 години наназад обезбедува помош на жртвите на семејно насилство во Македонија. Покрај донацијата, на социјалните мрежи беше реализирана кампања за подигање на свеста за проблемот во која учествуваа голем број на јавни личности повикувајќи за заедничка борба против семејното насилство. „Авон“ и на глобално ниво, преку својата фондација, има активна програма наречена „Проговори против семејното насилство“, а средствата кои се донираат се собираат преку продажба на посебни производи од нивната палета обележани со симболот на бесконечност.

Avon

- Ова беше наша прва поголема донација во Македонија насочена кон борбата против семејно насилство иако сме реализирале неколку успешни кампањи за подигање на свеста за ракот на дојка. Дел од нашата компаниска мисија се активностите фокусирани кон овие два проблеми кои во најголем дел ги погодуваат жените и се обидуваме постојано да вложуваме и придонесуваме да се поместат работите на подобро. Чест ни е што нашиот труд се вреднува и оваа награда е доказ дека сме на правиот пат, но вистинска победа би било намалувањето на случаите на семејно насилство во земјата – велат од менаџерскиот тим на „Авон Македонија“.

Avon

Наградите за филантропија ОКО се реализираат во рамки на проектот SIGN имплементиран од SIGN - регионалната мрежа на локални фондации од Западен Балкан, а со финансиска поддршка на Европската унија и Балканскиот фонд за демократија. Целта е да им се даде можност на граѓаните, јавните институции, граѓанските организации и крајните корисници на донациите јавно да ја искажат својата благодарност кон донаторите. Од друга страна, наградите им даваат можност на донаторите да добијат поголема поддршка од јавноста за проектите во кои веруваат и со кои навистина придонесуваат за заживување и развој на вредности како солидарност, почит, етичност, хуманост и добротворство.

Tags
Avon
Авон

Најнови

  • Брус Вилис

    Брус Вилис се придржува за негувателот на прошетка додека му се влошува деменцијата

    Fri, 11/21/2025 - 13:00
  • Мис Универзум

    „Мис Мексико е лажна победничка“: Членови на жирито на Мис Универзум дадоа отказ поради местенки во изборот

    Fri, 11/21/2025 - 12:30
  • Бранкица Миновска

    Бранкица Миновска, која живее со мултиплекс склероза, прави торти за деца од ранливи категории: „Нема да се откажам, колку и да ме гази болеста“

    Fri, 11/21/2025 - 10:40
  • Маркетинг
  • Импресум
  • Услови за користење
  • Приватност
  • RSS

© 2025 Femina.mk. Сите права задржани

Содржините на Femina.mk се заштитени со Законот за авторски права.
За секоја форма на користење на делови од овој веб сајт или цели статии за комерцијални цели, потребна е писмена согласност од Femina.mk.